(Видео) Лефков: Убиецот на Тот е најден заради притисокот на јавноста, Спасовски шест дена менува изјави

пред 2 години

Шест дена убиецот е во бегство, за денеска под притисокот на јавноста и медиумите тој да биде пронајден. Спасовски не успеа да го обезбеди убиецот за органите на прогонот, тоа го стори јавноста и медиумите кои будно го следеа настанот, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Дека Спасовски немаше интерес убиецот да биде пронајден лесно може да се утврди и по неговите изјави, и изјавите од МВР преку соопштенија. Шест дена по ред Спасовски и МВР менуваа изјави и излегуваа со различни теории, кои сите беа претставувани како вистини, се додека медиумите не објавија видео снимка од убиството, па Спасовски само излезе и потврди дека имаат снимка. Значи беше потребно медиумите да ја објават снимката од која без сомнеж се гледа како е убиен, за Спасовски да почне да менува изјави.

Спасовски треба да одговори што правеле МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен, и зошто е оставен толку долг период, зошто веднаш не биле повикани сведоците, и не биле прегледани камерите, туку тоа се направило по неколку часа?

Дополнително Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот?“ праша Лефков.

Според него, ракометарот Тот можеби можел да биде спасен, доколку, како што рече, реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставувале убиството како несреќа, туку се насочеле кон расчистување на случајот.

„ Спасовски треба да одговори на овие прашања, а не да ја дефокусира јавноста со тоа дали дискотеката имала или немала лиценца. Тоа што неговите инспектори и инспекторите на Пазарна инспекција дремеле и не ја затвориле дискотеката, тоа не го уби Тот. Смртта на човекот е прикривана од Спасовски и Ковачевски, тоа го пишуваа и хрватските медиуми. И одговорност за Спасовски мора да има. Оставка веднаш“ заклучи Лефков.

Share
Scroll to Top