(Видео) Лукаревска: Земјоделците се оставени без поддршка, субвенциите доцнат, земјоделството тоне без одговорност

(Видео) Лукаревска: Земјоделците се оставени без поддршка, субвенциите доцнат, земјоделството тоне без одговорност

пред 5 часа

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во Собранието обвини дека земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми во реализацијата на мерките и поддршката.

Таа потсети дека во програмата на Владата беше предвидена „ревитализација на земјоделските политики“ и вклучување на земјоделците во креирањето на мерките, но нагласи дека тоа не се реализира во пракса.

„Во програмата на Владата за четири години стои посебно поглавје ’Развиено земјоделство‘ и план и визија за ревитализација на водењето на земјоделските политики. По ниеден постулат од погоре наведените не само што не се водите, туку и спротивно делувате, на штета и на земјоделците и на развојот на земјоделието“, рече Лукаревска.

Таа обвини дека наместо реализација на овие цели, се случува спротивен процес.

„По ниеден постулат од погоре наведените не само што не се водите, туку и спротивно делувате, на штета и на земјоделците и на развојот на земјоделието. Тие не можат да добијат одговор зошто се намалени и зошто доцнат субвенциите, зошто се укинати програмите за мали производители и како е одлучено да се преполови програмата за рурален развој“, истакна Лукаревска.

Таа укажа и на недостиг на системски политики во земјоделството.

„Две години ниедна, буквално ниедна системска политика во земјоделството“, нагласи Лукаревска.

Лукаревска се осврна и на состојбите со безбедноста на храната и работата на Агенцијата за храна и ветерина, посочувајќи дека постојат сериозни реакции и сомнежи од јавноста.

„Во ваша надлежност е менаџирањето на Агенцијата за храна и ветерина, која деновиве е актуелна со контроли за манипулации со декларациите. Граѓаните се гневни бидејќи не јадеме здрава и квалитетна храна, а се лишени од информации кој во 21 век се осмелил на ваква манипулација и загрозување на здравјето“, рече Лукаревска.

Таа додаде дека, според јавните информации, постојат сомнежи и за слични неправилности и кај сувомеснати производи и месо.

Лукаревска нагласи дека остануваат отворени прашања за транспарентноста и објавувањето на имињата на компаниите поврзани со наводните неправилности.

„Имаше одредени шпекулации за имињата на компаниите. Ќе оставиме, еве транспарентно, извештајот да излезе“, рече таа.

Лукаревска посочи и дека, доколку информациите се потврдат, станува збор за сериозен проблем, особено поради поврзаноста со јавни набавки.

„Една од тие компании има добиено дури 27 јавни набавки во градинки, клиники и училишта“, нагласи таа, додавајќи: „Што јадат пациентите, што јадат учениците, што јадат болните?“

Таа додаде дека состојбата во земјоделството е дополнително отежната и поради неисплатени субвенции во повеќе сектори, меѓу кои полјоделство, тутунопроизводство, сточарство, млекопроизводство, градинарство и пчеларство, како и доцнење на исплатите и намалена поддршка во дел од програмите.

„Имаме неисплатени субвенции за повеќе сектори“, посочи Лукаревска, нагласувајќи дека земјоделците се оставени во неизвесност и без навремена поддршка.

Текстот (Видео) Лукаревска: Земјоделците се оставени без поддршка, субвенциите доцнат, земјоделството тоне без одговорност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top