(Видео) Милошоски: Време е за обединување, а Митко Јанчев е показател за тоа

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште десет кандидати за градоначалници за локалните избори.

Антонијо Милошоски на прес-конфренција истакна дека изборот на кандидатите е врз основа на програмата за мандатот, анкетите меѓу локалното население и анкетите со можните протиивкандидати. Меѓу имињата на кандидатите е и Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.

Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека е време за обединување и дека токму Митко Јанчев е показател за тоа.

за Ресен Јован Тозиовски,

за Крушево Билјана Проеска,

за Делчево Николчо Стојменовски

за Ранковце Борче Спасовски

за Ново Село Ѓорѓе Божинов,

за Василево Славе Андонов,

за Дебарца Саше Силјаноски,

за Кавадарци Митко Јанчев,

за Зрновци Борчо Коцев

за Кратово Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија.

ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека ќе ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Share
Scroll to Top