(Видео) Митева: ИК на ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на цените на горивата го проценува како удар врз граѓаните

пред 2 години

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најновото покачување на цените на горивата го проценува како жесток социјален удар врз граѓаните, при што Владата не направи ништо истиот да се спречи и е последица на нејзината неспособност, не водењето на грижа за граѓаните и силна корумпираност изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека оправдување не може да биде војната во Украина, со оглед на тоа што самиот претседател Пендаровски кажа дека државниот врв знаел за овие случувања најмалку 4 месеци порано, а владата на Заев и Ковачевски не направи ништо за да се спречи ценовниот шок.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата кај горивата за 50%. Со оваа мерка дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%.

Дополнително, тие бараат и ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.

Воедно, бараме владата да го заштити стандардот на граѓаните и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите во јавниот сектор согласно коефициентот на тежина на работната сила прифатен согласно колективните договори, изјави Митева.

Share
Scroll to Top