(Видео) Митева: Шилегов изгуби во Скопје со 8.000 гласови, граѓаните се определија за промени

пред 3 години

Шилегов изгуби во Скопје со разлика од 8.000 гласа, граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот јасно даде глас против власта и против силно антивладино расположение, истакна на денешната прес-конференција, Марија Митева портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките го покажуваат тоа, додаде Митева.

1. Во Општина Бутел: Петре Шилегов изгуби со разлика од 408 гласа или (6%),

2. Во Општина Ѓорче Петров: Петре Шилегов изгуби со разлика од 2.696 гласа или (40%),

3. Во Општина Гази Баба: Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.425 гласа или (79%),

4. Во Општина Аеродром: Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.567 гласа или (72%),

5. Во Општина Кисела Вода: Петре Шилегов изгуби со разлика од 5.895 гласа или (81%),

6. Во Општина Карпош: Петре Шилегов изгуби со разлика од 1.867 гласа или (20%), прецизираше Митева.

Според Митева во советите на општините и во советот на Град Скопје Шилегов и СДСМ изгубија со разлика од над 50.000 гласа. И тоа:

1. Во Општина Бутел:СДСМ изгуби со разлика од 3.617 гласа,

2. Во Општина Ѓорче Петров: СДСМ изгуби со разлика од 2.873 гласа,

3. Во Општина Гази Баба: СДСМ изгуби со разлика од 7.877 гласа,

4. Во Општина Аеродром: СДСМ изгуби со разлика од 6.803 гласа,

5. Во Општина Кисела Вода: СДСМ изгуби со разлика од 6.000 гласа,

6. Во Општина Карпош: СДСМ изгуби со разлика од 784 гласа,

7. Во Чаир: СДСМ изгуби со 844 гласа,

8. Во Скопје, разликата на советничките листи е 26.205 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ, констатира Митева.

Додаде дека желбата на огромното мнозинство скопјани е јасна, тие сакаат промени и поубава иднина.

„Тоа се гледа и по бројките кои потврдуваат дека споредбено со минатогодишните парламентарни избори на овие избори имаме нови 13.000 гласови во Скопје и тоа:
Во Аеродром нови 3.800 гласа, во Кисела Вода нови 1.500 гласа, Ѓорче Петров 800, Гази Баба 3.400 и во Бутел нови 3.000 гласа. Петре Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник и тоа се потврдува на овие локални избори. Затоа ве повикуваме сите вас, граѓани и партии од опозицијата да се обединиме затоа што само еден чекор не дели од промените кои ги посакуваме, но пред се ги заслужуваме. Петре Шилегов е минато за Скопје“, потенцира Митева.

Share
Scroll to Top