(Видео) Мицевски: Факт е дека отисокот со прст дава сигурност во целата постапка за спроведување на пописот

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани по основ на законот за попис. Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се работи за суштински амандмани. Според него, исто така, факт е дека отисокот со прст дава сигурност во целата постапка за спроведување на пописот.

„Истите амандмани ќе ги аргументираме затоа што навистина се суштински и навистина се амандмани кои што би значело подобрување на самото законско решение и влевање на доверба во целото ова решение законско коешто се нуди сега. Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова статистичка операција која што би требало да се направи. Значи избегнувањето на обезбедување на фингерпринт е навистина нешто што не дава сигурност во целата постапка. Образложенијата дека тоа е скапа операција и ќе треба време не држи затоа што таква одлука за набавка во државната изборна комисија за таква апаратура има, меѓутоа не се префрлени пари од буџетот во ДИК за тоа“, рече Мицевски.

Сметаме, додаде тој, е многу лесно државата да префрли пари за да бидат обезбедени овие апарати за отисок од прст со што на многу лесен начин ќе успееме да резидентното население го одвоиме од државјаните во Република Македонија.

„Дополнително ако навистина сакаат да биде статистичка операција би требало методологијата да биде составен дел на законот како би можеле ние кој што го носиме законот да целата таа методологија ја имаме на увид и продискутираме исто така и по неа, а не потоа тоа да се носи со подзаконски акти во кој што Собранието ќе нема учество во истата. Исто така многу е симптоматичен барањето на врзан потпис на директорот и заменикот директор затоа што сепак тоа се политички фигури, едниот е поставен од страна на СДСМ, другиот од ДУИ и не ја гледам потребата за врзан потпис за нешто што би требало да значи обврска на директорот на институцијата и зошто за тоа би требало да даде поддршка и заменикот на истата таа институција. Така да сметам дека има некои работи кои би требало да се подрасчистат има некои работи кои што треба да се средат, еве сега додека трае Комисијата за европски прашања на кој што е ставен пописот да имаме некои порелевантни информации и да имаме доверба во целиот процес“, рече Мицевски.

Share
Scroll to Top