(Видео) Мицкоски: Законот за лични карти е блокиран поради забелешки од амбасадор на соседна земја

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ подржува решение во личните карти да стои и етничката припадност. На новинарско прашање дали има некаква заднина во реакциите од Грција, поради користењето на терминот Македонец.

Мицкоски посочи дека законот е блокиран заради тоа што амбасадор од наша соседна земја имал сериозна забелешка по истиот.

„Ако навистина Зоран Заев сака тоа да го направи, бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце, еве зошто тоа не го направи сега и да го достави законот во рамките на Собранието со европското знаменце, да можам јас да се идентификувам себеси како Македонец“, запраша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Заев со оние на кои, како што кажа, им обезбедувал поддршка и друг тип на логистика пред изборите за да одземаат гласови од ВМРО–ДПМНЕ, сега го блокираат законот со 100 – 200 илјади амандмани и прават филибастеринг.

„Еве, зошто тоа не го направи ако навистина има толкава желба. Нека го стави тоа со европско знаменце и ќе види јавноста дали е така. Инаку, апсолутно, да, тоа е одговорот, има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава“, заврши Мицкоски.

 

Share
Scroll to Top