(Видео) Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи но да го сочуваме и националното достоинство

(Видео) Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи но да го сочуваме и националното достоинство

пред 4 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тиват изјави дека имал средба со европските дипломати, меѓу нив и со германскиот канцелар Фридрих Мерц на која било разговарано за француско-германскиот документ за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија пред нивното полноправно членство. Мицкоски во изјава за медиумите нагласи дека треба да бидеме трпеливи, бидејќи како што рече, ова се моменти кога ЕУ, односно Европскиот Совет јасно кажува дека прцесот на проширување станува жив.

„Она што е наша задача како влада е да тој процес го зачуваме, да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството како што тоа беше пример во минатите децении. Кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во ЕУ, наша цел е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, исторвремено да останеме и фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство.

Во врска со прашањето за уставните измени Мицкоски нагласи дека и тие биле тема на разговорите со европските лидери.

„Но нашиот став е тој, и ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети, како што беше претходната влада, да ни ја креираат европската судбин. И мислам дека голем дел од земјите членки на ЕУ тоа го разбираат.

Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват е посветен на европската интеграција на регионот, а една од главните теми е новиот француско-германски предлог за постепено вклучување на земјите кандидати во европските политики и единствениот пазар уште пред полноправното членство.

Текстот (Видео) Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи но да го сочуваме и националното достоинство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top