(Видео) Мицкоски за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“: Брисел да стави крај на бугарските фашизоидни намери

пред 2 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со културниот клуб „Ванчо Михајлов”кој викендов беше отворен во Битола и реакциите кои сѐ уште не стивнуваат во јавноста, рече дека Петков прво што треба да направи кога ќе се врати во Софија е да отвори најмалку два вакви клуба во Благоевград и Сандански за Македонците кои живеат во Пиринска Македонија.

„Гледам и дека потпретседателот на Бугарија продолжува со неевропските вредности и негирањето на македонското малцинство во Пиринска Македонија и тоа навистина нема никаква врска со европските вредности кои овие политичари треба да ги промовираат. Јас после оваа провокација и овие изјави дадени овде во Македонија навистина немам што да додадам, освен со чудење да констатирам дека не знам кој е тој политичар или историчар кој ќе седне на маса заедно со неговите колеги од кај нашиот источен сосед и да продолжи да преговара за постигнување договор барем до јуни. Ако ова е да си најдат некаков изговор зошто повторно да ја блокираат Македонија, тогаш се прилично успешни“, истакна Мицкоски.

Тој ја повика Меѓународната заедница и Брисел да стави крај на овие, како што рече, неевропски егзибиции од страна на официјална Софија.

„Ја повикувам и Европската унија и официјален Брисел да стави крај на овие фашизоидни и хегемониски намери од страна на нашиот источен сосед да направи притисок и да овозможи Македонија конечно да ги почне преговорите. Овој народ тоа го заслужува бидејќи многу пати во историјата се покажал дека стои рамо до рамо со европските вредности“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top