(Видео) Мицкоски: Нема да присуствувам на лидерска средба на иницијатива на Пендаровски

пред 3 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема да присуствува на евентуална лидерска средба организирана од страна на претседателот Пендаровски. Според него, партиските лидери треба да разговараат за важните политички прашања.

„Не можам да бидам пазарџија, ниту пак да бидам политичар кој што ги менува позициите од ден на ден, ниту пак да ги перам сите оние грешки кои што ги прави Зоран Заев, кога буквално ги урива сите позиции кои со децении се креирани. Затоа што, кога бил во опозиција ветувал нешто, што денеска ете гледаме, не може да исполни. Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае, еве кој е тој кој што треба да ја свика таа лидерска средба, ние неколку пати до сега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговараат на таа лидерска средба, стојам на располагање“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде дека доколку седнат политичките партии и дојдена е иницијатива од страна на Владата, ќе ја прифати и ќе учествува на неа.

Share
Scroll to Top