(Видео) Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“

(Видео) Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“

пред 9 часа

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на фабриката „Костал“ – Македонија, истакна дека е задоволен што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.

„Сепак, станува збор за компанија што, генерално, е семеен бизнис со голема традиција. Моментно ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од речиси 3,5 милијарди евра, што е значајна работа.

Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт што би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели бидејќи тоа за нас како држава значи многу“, рече Мицкоски.

Текстот (Видео) Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top