(Видео) Николовска: Јовески е де факто еден од главните виновници за растот на криминогеноста

пред 3 години

Една од главните причини за тонењето на Македонија во криминал и корупција, за што алармираат сите релевантни фактори, е фактичкото нефункционирање на Јавното обвинителство водено од Љубомир Јовески. Јовески е де факто еден од главните виновници за растот на криминогеноста, обвини Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

За жал, додаде таа, продолжува праксата на Зоран Заев и СДСМ, Уставниот суд да преставува уште едно Јавно претпријатие со можност за партизација, односно место за париско наградување и унапредување на свои послушници.

„Љубомир Јовески, човекот со амбиција, а можеби и со од Заев ветено унапредување во Уставниот суд, ќе остане запаметен како човек што не отвори уста за ниеден случај, за ниеден скандал за којшто имаше индиции за висока корупција, корупција со вмешаност на министри, функционери, премиер“, рече Николовска.

Според неа, Јовески не отворил ниеден предмет од висок јавен интерес, Јовески премолчил предмет за изборно мито, документиран со видео изјава, премолчил преквалификација на случај на Поткуп, го премолчил Рекет, го премолчил и скандалозниот криминоген случај ШИК Јелак, каде, според неа, има јасни недвосмислени индиции коишто водат до врвот на коруптивната и криминалната пирамида.

„Со нестручно и несовесно работење повеќепати e направена свесна злоупотреба на службената должност. Јовески со сето тоа и со сиот багаж за низа скандали и документирани предмети, наместо да цели кон Уставниот суд, до сега требаше да биде цел на Советот на Јавни обвинители“, рече Николовска и додаде дека Јовески како и можната негова кандидатура за Уставниот суд е еклатантен пример како една држава како Македонија тоне на сите меѓународни мерења.

Share
Scroll to Top