(Видео) Николоски: Која е логиката Македонија со пропадната економија да прима бегалци а нашите граѓани бегаат

пред 3 години

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посета во Гази Баба истакна дека кога бегалците од Авганистан ќе дојдат тука и ќе видат колку се лоши условите во Македонија и пропаднатата економија, ќе побараат да се вратат назад во Авганистан.

„Факт е дека во Авганистан се случува голема хуманитарна трагедија, и дека на многу луѓе им треба помош. Но, она што ние го спориме се условите во Македонија, затоа што кога ќе дојдат бегалците во Македонија и кога ќе ги видат нечистите и несредени улици, дупките на улици, пропаднатата економија, кога ќе видат со што се соочува Македонија, веројатно ќе сакаат да се вратат назад во Авганистан, затоа што во моментов е полошо во Македонија отколку во Авганистан“, рече Николоски.

Тој прашува која е логиката Македонија да прима бегалци, кога македонските граѓаните бегаат од државата барајќи подобар живот во Европа.

„Да не заборавиме, Македонија во моментов е извозник на бегалци, затоа што од Македонија кој може бега, секој што може да ја напушти, бега, илјадници луѓе емигрираат од Македонија во европските држави. Која е логиката да Македонија прима бегалци во услови кога од Македонија бега секој кој што може да избега“, истакна Николоски.

Share
Scroll to Top