(Видео) Николоски на средба со Вархеји во Брисел: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ

(Видео) Николоски на средба со Вархеји во Брисел: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ

пред 7 месеци

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се имаше средба со комесарот за проширување, Оливер Вархеји, а најави и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти.

„На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.

Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив“, кажа Николоски.

„И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ“, додаде тој.

Текстот (Видео) Николоски на средба со Вархеји во Брисел: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top