(Видео) Николоски: Први избори во кои не се прифатени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик

пред 3 години

Исклучително е проблематично тоа што локалните избори во октомври оваа година ќе бидат први избори кои што ќе се спроведат во Македонија без притоа да бидат направени измени на изборниот законик со консензус помеѓу сите политички партии согласно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР. Тоа е штетно за македонската демократија и го доведува под прашање кредибилитетот на изборниот процес како и неговата легалност и легитимитет, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„ВМРО – ДПМНЕ во разговорите имаше две суштински барања тие барања беа да се применат дословно препораките на ОБСЕ и на ОДХР, со цел гаранција на фер и демократски избори и второ избор на градоначалник во еден круг, односно изборот на градоначалници да се стави во иста линија со изборот на советници во еден круг затоа што главните манипулации, притисоци и недемократски средства се случуваат помеѓу двата круга. За жал второто барање за избор на градоначалници во еден круг, беше одбиено од власта, а првото барање за примена на препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се случи под разни изговори на владејачките партии. Доколку се изменеше изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР ќе се постигнеа многу цели пред се ќе се зголемеше отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси со новите препораки каде што комплетно ќе требаше ДКСК да е информирана за целокупното користење на државни ресурси“, рече Николоски.

„По препорака на ОБСЕ се дефинира, појаснува и прецизира изборната кампања со што се овозможува подобро следење од страна на надлежните институции , на евентуално предвремено почнување на изборна кампања и прекршување на правилата на истата, се појаснува начинот на распределба на времето за рекламирање на политичките партии и кандидатите, се уредуваат роковите, содржината и постапката за доставување на финансиските извештаи на партиите до надлежните институции за контрола на истите како што се Државниот Завод за Ревизија, ДКСК и Агенцијата за медиумски услуги. Ќе се овозможеше на гласачите чија важност на документот за лични идентификации истекла до моментот на распишување на избори да можат да го остварат гласачкото право, нешто што сега како проблем се соочуваат 30 илјади граѓани заради неспособноста на власта да извади лични карти“, потенцира Николоски.

Тој нагласи дека со препораките за прв пат како што рече, ќе се овозможеше запишување на гласач во избирачки список по усвоен приговор за заштита на лично избирачко право, а исто така ќе се усогласеа и роковите со Државната изборна комисија и постапувањето на Управниот суд.

Сето ова, додаде Николоски, се препораки на ОБСЕ и ОДИХР коишто како што подвлече, власта не смогнала сили во македонското Собрание да бидат усвоени.

„Од друга страна, она што ВМРО-ДПМНЕ во знак на добра волја, но и за да се постигне консензус, беше спремна да го прифати, прво беше примена на таканаречени отворени листи за избор на советници. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ се согласи да има избор на советници со отворени листи, помалите коалициони партнери на СДСМ, пред сѐ тука мислам на политичките партии ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз и останатите на ова барање иако тоа беше нивно барање. Значи, тоа што самите го бараа, откако ВМРО-ДПМНЕ го прифати, после тоа се спротвиставија, односно јасно кажаа дека не се за отворени листи со што во јавност се расчистува дилемата кој е ЗА, а кој е ПРОТИВ отворени листи. ВМРО-ДПМНЕ е ЗА отворени листи на локалните избори“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него за првпат требало да се направи регулација на финансирањето на спонзорираните објави на социјалните медиуми и социјалните платформи.

„Сето ова што го споменав е причината зошто не се донесе изборниот законик во македонското собрание, иако имаше добра волја од стана на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија. Се направија многу обиди и во месец јуни и во месец јули, а бевме спремни тоа да го направиме и во август, но за жал од владеачките партии такво расположение немаше“, потсети Николоски.

Share
Scroll to Top