(Видео) Нови клупи и корпи на кејот на Вардар, продолжува и чистењето на коритото, соопшти Град Скопје

(Видео) Нови клупи и корпи на кејот на Вардар, продолжува и чистењето на коритото, соопшти Град Скопје

пред 6 часа

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, соопшти Град Скопје.

На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.

Од Град Скопје посочуваат дека со новата опрема просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители.

Паралелно со овие активности продолжуваат редовното одржување на кејот и акциите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на градот.

 

Текстот (Видео) Нови клупи и корпи на кејот на Вардар, продолжува и чистењето на коритото, соопшти Град Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top