(Видео) „Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале“, бара Андоновски

(Видео) „Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале“, бара Андоновски

пред 3 часа

„СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

„Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта.

Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење.

Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни“, изјави Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Текстот (Видео) „Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале“, бара Андоновски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top