(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

пред 4 часа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува.

„Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува“, рече Ангелов.

Додаде дека Дирекцијата ги активира тимовите за брз одговор бидејќи линијата на пожарот е долга неколку километри.

Исто така, на пат кон селото се четири пинцгаури на ДЗС.

Текстот (Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top