Полицијата откри насади на марихуана во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша и приведе три лица од Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници ги привеле А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале „канабис сатива“.
На локацијата каде што биле затекнати, биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива“, дел засадени во земја, а дел во саксии.
Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а по насоки од Јавен обвинител лицата биле задржани во полициската станица Тетово. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.