(Видео) Пендаровски со надбискупот Галагер разговараше за односите меѓу Македонија и Светиот Престол

пред 2 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.

На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.

Претседателот Пендаровски истакна дека католичката заедница во Северна Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество.

Share
Scroll to Top