(Видео) Петрова: Инфективното одделение во Штип остана без боци за кислород

пред 3 години

Пискотници се слушаат од Ковид центарот на Источна Македонија. Болните од надвор се молат за легло повеќе, а болните внатре за кубик кислород. Сведоштвата на вработените, болните и нивните роднини говорат дека состојбата на Инфективно одделение е катастрофална, изјави Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Денес Штип останал без боци за кислород, кои дури и доколку ги има не се соодветно оперира со нив. Клиничката болница не располага со централен довод за кислород, кое ја прави зависна од овие боци, меѓутоа во случаите кога на пациентите им се дава неопходното количество, тоа се врши на опасен начин.

Поради непостоењето на регулатор за кислород, кој чини само 50 евра, пациентите добиваат несоодветна количина од овој гас. Освен тоа, една маска се користи за сите пациенти болни од КОВИД-19, а не ретко и нема можност да се опслужат неколку пациенти оддеднаш.

Очигледно, пациентите на Инфективно се оставени на совест на вработените, во ситуациите кога се селектира кој пациент ќе го добие потребниот кислород. А сето тоа поради неодговорност на власта и ограничените ресурси во болницата.

И додека Штип и регионот од ден на ден ги зголемуваат бројките со позитивни од КОВИД-19, ниту Министерството за здравство, ниту Клиничката болница во Штип имаат слух за потребите на болните.
Ситуацијата на Инфективното одделение ескалира. Апелираме за итна реакција од надлежните, затоа што не само бројот на болни, состојбата ќе почне да го зголемува и бројот на мртви во Штип“ истакна Петрова.

Share
Scroll to Top