Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Според информациите кои до нив пристигнале од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка.
Согласно информациите кои ги има партијата, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.
„Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари. Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата. Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? – Точно 69. Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години. Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди“, изјави Петрушевски.
Како што рече, народот и работниците ги прочитале синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски.
Текстот (Видео) Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека ги лаже работниците за минималец е превземен од МАКФАКС.