Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, тој по стапките на Трендафилов се повеќе се оддалечува од базата и од народот.
За учество на спортските игри на УПОЗ мора да бидете дел од синдикатот.
Од разочарани членови на синдикатот дознаваме дека предност добивале синдикалци членови на СДС.
Деаноски веднаш да одговори, дали се наградени оние кои протестираа со него и Трендафилов на луксузните спортски игри во атрактивното место Чањ во Црна Гора вредно над 60.000 евра?
Деаноски по примерот на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, се повеќе се оддалечува од работниците и почнува да живее на сметка на синдикалците, а доказ за тоа се ваквите луксузни игри на Јадранот.
ССМ и УПОЗ се повеќе губат членови, а доколку продолжат по овој терк, ќе станат само групација на привилегирани.
Работниците во Македонија заслужуваат чесно и одговорно синдикално претставување, а не синдикални функционери кои од нивните чланарини прават луксузи“, истакна Петрушевски.
Текстот (Видео) Петрушевски: Трпе Деаноски од чланарините на синдикалците организира луксузни екскурзии на Јадранот, имало и привилигирани е превземен од МАКФАКС.




