(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

пред 6 часа

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот.

На видеоснимката се гледа како момчињата се приближуваат до дуќаните, по што избувнува пожар и тие го напуштаат местото.

Во огнетата стихија опожарени беа повеќе од 20 дуќани за продажба на текстилни производи, сите во сопственост на едно лице С.С., кое ги издавало под кирија.

Текстот (Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top