Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден.
„Во моментот сме опколени од сите страни над Бадилен и ни се прекинати сите копнени врски. Очекуваме да дојдат уште 2 хеликоптера да продолжат со гаснење за да може да се евакуираме“, рече градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.
Струмичките пожарникари споделија видео на социјалните мрежи од евакуацијата од Огражден.
Текстот (Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер е превземен од МАКФАКС.