(Видео) Почнува Охридско лето

пред 3 години

Гости од дома и странство го исполнија Антички театар, на отворањето од Охридско лето. Меѓу присутните се шефот на државата, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Ирена Стефоска, охридскиот градоначалник Константин Георгиески, републичкиот јавен обвинител Љубомор Јовески, американската амбасадорка Кејт Брнз, поранешниот директор на технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо и бројни амбасадори.

Годинава, фестивалот “Охридско лето” свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на уметниците од Националната опера и Балет.

„Гoлемиот Чајковски“ е сочинет од најубавите дела на рускиот композотор, со изведби на делови на балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Повеќе од 90 балетски првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, што се носители на проектот веќе ги одржаа генералните проби на Античкиот театар.

Share
Scroll to Top