(Видео) Проектот за Универзалната сала е стручен, тврди советничка од СДСМ во Град Скопје

пред 2 години

Градоначалничката Данела Арсовска ја покрива својата неспособност, проектот за Универзалната сала е стручен, изјави Анжелика Апсис, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Според неа, изнесените обвинувања на Арсовска за овој проект се невистинити.

„Арсовска го стопираше проектот за иградба на Универзална сала за кој владата обезбеди 2 милиони евра. После двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна невистина во јавноста. Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден“, рече Апсис.

Таа образложи дека проетот бил претходно одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.

„Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрвуање Град Скопје го има. Понатаму, пратен и одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост. Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска“, додаде Апсис.

Share
Scroll to Top