(Видео) Ристова: Исправаме долгогодишна неправда, 1.100 стечајци ќе остварат месечен надоместок

пред 3 години

Владата ги усвои измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, истакна денеска пратеничката од редовите на СДСМ, Лолита Ристова.

Според неа, со предложените измени уште 1.100 стечајци ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година.

„СДСМ од 2017 година, во неколку наврати, обезбеди финансиски надомест за невработените лица чијшто работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците. Со новите измени бројот на лицата, кои ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање ќе се зголеми на речиси 13.000. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги игнорираше и злоупотребуваше проблемите на стечајците, ние ги решаваме нивните проблеми“, рече Ристова.

Објасни дека сега се исправа долгогодишна неправда нанесена кон граѓаните, за кои како што рече, не по своја вина останале без работа и без месечни примања.

Share
Scroll to Top