Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови, рече потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Како што истакна, власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира.
„Најавата пак дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелегнцијата на луѓето, станува збор за милионски бизнис зделки“, рече Илиевски.
Додаде дека СДСМ ќе се спротивстави.
Текстот (Видео) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион е превземен од МАКФАКС.