Христијан Мицкоски кој заедно со проруската Левица прави деструкции, блокади, се обидува со крвави сценарија да создаде нереди, глумејќи лажен патриот, со години ги лаже своите сопартијци и сите граѓани за односите со Бугарија, велат од СДСМ, од кадешто објавија и видео во прилог на ваквите тврдења.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според нив, ова е вистината:
„Факт 1: Мицкоски јавно изјави дека немаат проблем за внесување на Бугарите во Уставот; Факт 2: Мицкоски јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија, на средба со поранешниот премиер Бојко Борисов; Факт 3: Мицкоски поддржа скандалозна Резолуција на ЕПП која ги поддржува и промовира ставовите на Бугарија.
Се друго се невистини кои свесно ги пласира Мицкоски, ги лаже своите членови и граѓаните“, наведоа од владејачката партија.