Соња Тодоровска од СДСМ Куманово, се осврна на одлуката на Обвинителството да се откаже од постапката против Максим Димитриевски.
Според Тодоровска, повлекувањето на Обвинителството го открило, како што рече, вистинскиот договор меѓу Димитриевски и Христијан Мицкоски. Таа обвини дека Димитриевски добил заштита од актуелната власт, а неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да избегне одговорност.
„Максим Димитриевски не е коалициски партнер, туку тој е декор, инструмент, политичка маска“, рече Тодоровска, додавајќи дека, според СДСМ, неговиот ангажман е воден од бизнис интереси и внатрепартиски договори.
Во изјавата беше нагласено дека, според СДСМ Куманово, граѓаните веќе го препознале политичкиот профил на Димитриевски и дека „на Куманово и на Македонија ѝ се потребни чесни луѓе со став и интегритет“.
Тодоровска порача дека „правдата може да биде одложена, но нема да биде избегната“ и најави дека ќе има одговорност.
Текстот (Видео) СДСМ Куманово: Димитриевски влезе во коалиција со Мицкоски за да се спаси од судски прогон е превземен од МАКФАКС.