(Видео) СДСМ: Наместо бесплатен јавен превоз, Арсовска го поскапи возењето во ЈСП

пред 3 години

Само две недели им беа потребни на партиските кадри поставени од Данела Арсовска да ја закочат и уназадат работата на Јавното сообраќајно претпријатие, обвини Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

„Наместо бесплатен јавен превоз, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари, а уште во првите недели по поставувањето, раководството на ЈСП бара помош од Владата, очигледно неспособно да се справи со предизвиците“, посочи Попов додавајќи дека ЈСП е под надлежност на Град Скопје и помош прво треба да побара од Градот.

Тој обвини и дека Арсовска заради лични каприци решила да го прекине проектот Бас рапид транзит (БРТ) кој, како што рече, има за цел сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во главниот град.

„Наместо да го продолжи проектот, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни ниту да управуваат успешно со ЈСП, а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз“, кажа претставникот на СДСМ.

Share
Scroll to Top