(Видео) СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и неговото потекло

(Видео) СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и неговото потекло

пред 2 часа

СДСМ побара Јавното обвинителство да отвори истрага за, како што велат од партијата, кинеските пари поврзани со унгарскиот кредит од една милијарда евра што Владата го договори со Унгарија.

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска посочи дека по најавите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар за преиспитување на договорите за кинески кредити во Унгарија, истрагата треба да се прошири и на македонскиот случај.



Кузеска се повика на објава на „Блумберг“, според која Унгарија открила детали за заем од една милијарда евра што владата на Виктор Орбан го земала од кинески банки во 2024 година – истата година кога Македонија го договори кредитот од Унгарија во ист износ.

Од СДСМ тврдат дека и во Македонија имало, како што наведуваат, скриени трошоци и неразјаснети трансфери поврзани со договорот, поради што бараат целосна истрага.

„Затоа СДСМ повикува Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и сѐ да се истражи“, порача Кузеска.

Текстот (Видео) СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и неговото потекло е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top