(Видео) СДСМ: Поради политичката агенда на СОНК штета трпат учениците

пред 2 години

Уценувачкиот однос и политичката агенда што ја спроведува раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес, oбвини на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска од СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Со неколкунеделен прекин на наставата се загрозува иднината на над 16.000 матуранти и нивното натамошно студирање. За штетноста од прекинот на наставата предупредија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ апелирајќи наставниот процес да продолжи“, нагласи пратеничката од владејачката партија која додаде и дека Владата на СДСМ како никоја влада претходно покажала грижа за вработените во образованието и детската заштита.

Според Лазаревска, одбивањето да се покачат платите во просек по околу 3.000 денари од страна на раководството на СОНК, покажува дека платите на наставниците не се цел туку, како што рече, политичката агенда на опозицијата.

„Тоа е истата опозиција која овде, во Собранието цела година блокира Закон за поголеми плати на наставниците. Очигледно се избрза со штрајкот свесно иако во законот за минимална плата стои временски период за усогласување на платите од 6 месеци. Правото на штрајк и протест е уставно гарантирано право, но правото на образование е исто така уставно гарантирано, кога овие права доаѓаат во судир, правата на децата се поважни“, кaжа претставничката на СДСМ додавајќи дека учениците мора да се вратат на училиште.

Share
Scroll to Top