Власта повторно го злоупотребува европското знаменце за на брза лента да се задолжи државата за нови 190 милиони евра, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
И покрај забелешките од ЕУ, обвинува тој, власта продолжува со изигрување на собранискиот деловник, а во измината недела до пратениците биле доставени два закони за задолжување со европско знаменце.
„Талат Џафери како претседател на Собранието одлучува како матично тело за разгледување на овие закони за задолжување да ја назначи контроверзната Комисија за европски прашања“, рече Стојаноски.
Опозициската партија заклучува дека Македонија се задолжува за плати, пензии, социјална помош и стипендии. Во овој период актуелни се два заеми, појаснуваат од партијата, од кој првиот директно е во износ од 100 милиони евра и другиот од 90 милиони евра.
Текстот (Видео) Се подготвува ново задолжување за 190 милиони евра со европско знаменце, предупреди пратеникот Стојаноски е превземен од МАКФАКС.