Во полицискиот центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД денеска беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со американската амбасада.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што инфоримираат од МВР, вежбата била изведена на три локации – дел од вежбата била изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел бил изведен во амбасадата на САД, при што била проследена вежба за Јавен ред и мир – насилни демонстрации.
„Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа:
– Напад на конвој
– Насилни демонстрации
– Активен пукач
– Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
– Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
– Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
– Укажување на прва помош“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.
Покрај амбасадорката на САД во земјава, на настанот присуствувале и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.