(Видео) Стоилковски: Документите за случајот „Диво месо“ на Онкологија ќе бидат доставени до Јавното обвинителство

(Видео) Стоилковски: Документите за случајот „Диво месо“ на Онкологија ќе бидат доставени до Јавното обвинителство

пред 5 месеци

Поради генералниот штрајк во администрацијата на Јавното обвинителство, не сме во можност да ги доставивме денеска документите до Јавното обвинителство за случајот „Диво месо“ на Онкологија, но тоа не значи дека нема да дојдеме повторно, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасна е интенцијата, до сега нема никаков предмет оформен од Јавното обвинителство, има само изјави за некакви активности, но всушност нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече на Онкологија.

Два месеца од случајот, 20 дена од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека скандалот „Диво месо“ на Онкологија продолжува.

И со отсуство на реакција јасно е дека тоа така ќе продолжи сѐ додека на Ислам Абази му седат над глава, а Јовески чека да стане уставен судија“, потенцира Стоилковски.

Уште пострашно, според него, е што Јовески самиот на собраниската комисија за Онкологија се спротивстави на овие докази и се спротистави на комисијата во Собранието, а сѐ уште нема ништо, нема никаков предмет од случајот „Диво месо“, криминален канцер на Онкологија.

„Затоа, во надеж дека некој обвинител ќе се охрабри и нема да дозволи ‘Диво месо’ да заврши како модуларната, ‘Беса транс’, ‘Ласкарци’, како што најавивме, документите донесени до ВМРО-ДПМНЕ преку укажувачи на криминал и корупција ќе бидат доставени до Јавното обвинителство“, вели Стоилковски.

Текстот (Видео) Стоилковски: Документите за случајот „Диво месо“ на Онкологија ќе бидат доставени до Јавното обвинителство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top