(Видео) Стоилковски: МВР има план со кој се подготвува за долга и тешка енергетска криза

пред 2 години

Ова е документ со кој МВР веќе две недели се подготвува за долга и тешка енергетска и економска кризна состојба, посочи на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Блокирање на патни правци и делници; воспоставување нов режим на движење; блокада на простор; воспоставување на контролни пунктови; пребарување и претрес на терен; следење на социјални мрежи…“, се дел од мерките кои ги наброја партискиот портпарол, а како што рече, планот на мерки и активности јасно укажува на недостаток на електрична енергија и пораст на цената на електричната енергија, проследено со реални безбедносни предизвици кои може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици.

„Планот што го држам во рака, јасно укажува колкава е вистинската енергетската криза, дека состојбата е катастрофална и дека СДСМ/ДУИ немаат стратегија за излез од неа. Напротив, овој план укажува на драматични долгорочни состојби со вознемиреност кај граѓаните и план кој предвидува нарушувања на јавен ред и мир.

Јасно е дека ова е план кој нема да заврши на 9 декември кога истекува кризната состојба во Македонија, воведена заради енергетската криза. Бидејќи таа очигледно нема да заврши“, посочи Столковски според кого власта се подготвува за долги рестрикции на струја, односно, како што истакна, власта крие дека не се предвидени рестриктивни мерки.

Share
Scroll to Top