(Видео) Стоилковски: Неспособните од СДСМ три години не можат да завршат реконструкција на автопат

пред 2 години

„Ова треба да е автопат, Државен пат А1, делница Петровец – Катланово, за којшто се плаќаат високи патарини. Заради неспособноста на ДУИ и помалиот партнер СДСМ, веќе трета година, ништо не е направено! Трета година работат со брзина од 12% годишна реализација! Тоа е реализацијата на Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски од СДСМ. Трета година ништо не е сработено! 5 километри во должина, вкупно 10 километри во двата правци, трета година, на автопат има времен двонасочен режим на сообраќај“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, освен за фотографии на Бочварски и директорите за државни патишта, Зоран Китанов, а сега Ејуп Рустеми, друго ништо не е направено.

Проектот, потсетува Стоилковски е започнат пред 3 години, а требаше како што вели да биде готов лани во јули, вредноста на проектот беше 7.2 милиони евра, пари обезбедсени од ЕБОР.

„Со вакво темпо од 12% реализација годишно, на СДСМ ќе му треба уште 5 години да заврши реконструкција на 5 километри автопат во двата правци. Реконструкција, а не изградба на нов автопат. Оваа делница е сликата за македонската економија на СДСМ, за лагите на СДСМ за капитални инвестиции, ова е сликата за негрижата и неспособноста на СДСМ на власт“, додава Стоилковски.

Share
Scroll to Top