(Видео) Стоилковски: Од каде Шилегов има пари за луксуз кога неговата фирма е на раб на опстанок?

пред 3 години

Петре Шилегов не одговори на предизвикот да ги покаже приходите на неговото адвокатско друштво изминатите три години, за време додека е градоначалник на Град Скопје, посочи на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според наши информации, адвокатското друштво Шилегов и партнери ДОО – Скопје во 2019 година, остварило добивка од 301.905 денари. Значи адвокатското друштво на Петре Шилегов во 2019 година има добивка од неполни 5.000 евра. Цело адвокатско друштво, цела компанија, на раб на опстојување, на раб на одржување. Адвокатско друштво каде што Шилегов не е сам, Шилегов има и патрнери, така е и името на фирмата“, објасни партискиот портпарол.

Според него, градоначалничката плата не е доволна за луксузот, кој како што рече, Шилегов си го дозволил во изминатите три години.

„Фирмата на Шилегов со 300.000 денари годишно заработка, е на раб на постоење и не може да е извор за луксузирање. Петре Шилегов во еден мандат несразмерно го зголемува својот имот и тоа со луксузна вила на Маврово од 300 квадратни метри, со огромен луксузен екстериер, со возен парк од најмалку 130.000 евра, три луксузни автомобили, како и со нелегална луксузна надградба на семејна зграда со што ја наткачува вредноста на објектот за најмалку 100-тина илјади евра“, истакна Стоилковски.

Според него, прашањата од кои што актуелниот скопски градоначалник бега се следните:

-Дали зад луксузните градби и нелегални надградби стојат фирми коишто на некој начин може да се поврзани со тендери и исплатени пари од градската каса?

-Дали Петре Шилегов се луксузира на сметка на противуслуги поврзани со работењето на Градот?

Како што посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, ова се само дел од прашањата коишто ги отвора молкот на институциите.

Share
Scroll to Top