(Видео) Стоилковски: Оставка заради примитивизмот на Талат Џафери

пред 2 години

„Погледнете го вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власт, недостојно за Собрание на Република Македонија!“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското. Оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?“, истакна Столковски.

Не постои оправдување, додаде тој, за ваков, како што го нарече, простотилак и според него, прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?

„Објаснувањето од примитивецот од Форино дека „не знаел“ за вклучени микрофони, е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење – со насилство и понижување. Јасно е, кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува суштината, на површина испливува простотилакот кој што е слика за севкупното практикување на власта на крими- коалицијата!“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова, како што рече, е само причина за негова неотповиклива оставка!

Share
Scroll to Top