Фирмите „Сара Инженеринг“, „Сара Јавор“ и „Дравас“ – најзвучните фирми коишто се поврзуваат со семејното име Заев, должат над 1 милион евра данок, долг кон државата, објави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој рече дека според мартовската листа на должници, фирмата „Дравас“ должи над 43.230.000 денари, „Сара Инженеринг“ должи над 19.104.000 денари, „Сара Јавор“ околу 2.190.000 денари. Трите фирми задно вкупно должат над 64.500.000 денари.
„Фирмите поврзани со Заеви редовно се на листата на должници кон УЈП. СДСМ државата ја втураат од криза во криза, Нема пари за субвенции, нема пари за помош, дури и помошта што ја дадоа на трговците им ја бараат назад, ама фирми коишто се поврзуваат со семејните фирми со предзнакот Заеви – може да должат данок. Во време на тешки кризи за коишто одговорноста на СДСМ понатаму ќе се испитува, во време на безмилосни ригорозни рестриктивни мерки кон граѓаните, фирмите поврзани со бате или член на фамилијата должат над милион евра за данок! Фирмите на Заеви на годишно ниво вртат над 50 милиони евра. Дел од семејните фирми добиваат државни лиценци и дозволи од државата, и се дел од бизниси со големи добивки, но на крај тие редовно не си ги сервисираат долговите кон државата“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека предвремени избори се поевтини од било кој еден ден поминат со СДСМ на власт.