(Видео) Стоилковски: Јавното обвинителство и Комисијата за корупција да отворат предмет за дивоградбата на Каевски

пред 3 години

Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство по теркот на молкот за имотот на Шилегов, молкот за имотот на Филипче, па и молкот за имотот на Рашковски, молкот за имотот на кој се не од тимот на Заев, сега по истиот терк се однесуваат и за несразмерниот раст на имотот на Дарко Каевски, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ниту една институција по цела недела пресови и јавни настапи не се произнесе дека отвора предмет како тоа именуван функционер – директор од СДСМ очевидно има имот којшто не е пријавен во анкетниот лист? Ниту Јавното обвинителство не се заинтересира за потеклото на парите, иако постои основа за сомнеж? Дарко Каевски се обидел да сокрие куќа во Волково, која што потоа ја руши и гради нова хациенда со базени, иако има основано сомневање дека за тоа нема документ“, вели Стоилковски.

Смета дека, Дарко Каевски е пратеник на СДСМ и со тоа, како што вели, овие прашања се од јавен интерес.

„Дарко Каевски во октомври 2020-та година кога од именуван директор станува избран пратеник, ја руши семејната легализирана куќа и на нејзино место гради луксузна хациенда. Ниту стариот објект, ниту пак новиот објект ги нема во Анкетниот лист – и за тоа Државната комисија за спречување на корупција молчи. Јавното обвинителство не отвора предмет како тоа Дарко Каевски на 30 години по неполни три години директорување со административна плата во иста година купува стан во Скопје и гради луксузна вила со базени – која што не ја пријавува и за која досега не прикажал дозвола за градба“, посочува Стоилковски.

Според него, Македонија тоне во криминал и во корупција, со години се нотира пад во борбата со високата корупција – корупција на функционери од власта. „Народот е се посиромашен, функционерите од СДСМ се се’ побогати“, вели Стоилковски.

Share
Scroll to Top