(Видео) Талевски: Тутунарите ги добија субвенциите, навремено и неселективно

пред 3 години

Исплатени се субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година. На сметките на над 28.000 тутунари се уплатени субвенции од 1.7 милијарди денари, изјави Миле Талевски Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

„ Оваа поддршка доаѓа во вистински момент за тутунарите, кои стартуваат со новата производствена сезона. Трудот на земјоделците се цени и се плаќа. Од почетокот на годината, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции“ рече Талевски.

Тој нагласи дека во тек е аплицирањето за новата програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2021 година. Досега, како што рече, се поднесени речиси 46.000 апликации, а рокот за поднесување на барањата е продолжен до 31 јуни оваа година.

„И покрај пандемијата, која предизвика здравствена и економска криза продолжуваме со транспарентна и неселективна исплата на поддршката за македонското земјоделство. СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање мерки и политики за унапредување на земјоделското производство“ порача Талевски.

Share
Scroll to Top