(Видео) Трипуновски: МВР на Спасовски врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат поради ниските откупни цени

пред 3 години

Ковачевски и Николовски преку Министерството за внатрешни работи на Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани – Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот. Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест“, додаде тој.

„Ова е поканата за разговор од јавен обвинител, за еден од организаторите. Од која јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот. СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени. 5 години се на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште, а се помал е и бројот на земјоделци, но и на површини под посеви и насади“, напомена Трипуновски.

Апелира владата на чело со Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците. Веднаш да го запре прогонот против нив.

„Дополнително, наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата. Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, да гладува“, посочи Трипуновски.

Share
Scroll to Top