Владата предводена од СДСМ е посветена на унапредување на системот на детска заштита и зголемување на опфатот на деца во градинките, рече денеска на прес-конференција, Елена Устамитова, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што нагласи таа, за само пет години Владата предводена од СДСМ успеала да изгради, реконструира и догради 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца во градинките се зголемил за 4.300 деца.
„До крајот на оваа година предвидено е отворање на 13 нови објекти на детски градинки со капацитет за 1.360 деца.
Од друга страна, за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени или реконструирани само 45 детски градинки.
Денес во некои општини градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не отвораат веќе изградени градники, а пример за тоа е градинката во Волково, во општина Ѓорче Петров“, обвини Устамитова.
Таа истакна дека Владата предводена од СДСМ инвестира и во зголемување на платите на персоналот во градинките.
„За пет години платите на негувателките и воспитувачките се зголемија за 21 отсто.
Со постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК предвидено е рекордно зголемување на платите за 15 отсто од септември оваа година.
Истовремено, важно е да се напомене дека на вработените во градинките ќе им бидат исплатени платите за периодот додека тие штрајкуваа.
И додека растат платите во детската заштита расте и просечната плата која сега изнесува 31.080 денари со што се реализира едно клучно ветување за просечна плата од 500 евра“, посочи претставничката на СДСМ.