(Видео) Филипче: Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на цените

(Видео) Филипче: Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на цените

пред 10 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара од Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на цените, со што ќе се олеснат трошоците за граѓаните и ќе им се помогне да ја надминат оваа криза.

„Ќе ги поднесеме денеска во текот на денот нашите предлог-закони за да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основите прехранбени производи и да се преполоват патарините. Апелираме на оваа ненародна корумпирана власт овие закони да ги прифати за да им се излезе во пресрет на потребите, реалните потреби на граѓаните, потенцираше Филипче.

Тој ја обвини владата дека не презема никакви соодветни мерки и додека граѓаните се соочуваат со растот на трошоците, зголемени цели, а не можат ниту да ги платата високите сметки, премиерот е зафатен со прослава.

„Премиерот не е загрижен, тој е на самит на ЕПП два дена. Нормално, на трошок на граѓаните, кога тука растат цените не само на горивата, туку и на сите прехранбени продукти од час во час. Ќе расте цената и на струјата и на сè друго, единствено што не растат платите. Наместо да се свикаат итни владини седници, до сега, наместо тоа сега се прави, за да се донесат мерки којшто ќе им помогнат на граѓаните да ја надминат оваа криза, владиниот тим се шета во Брисел на прослави. И кога граѓаните утре нема да можат да ги платат ниту надуените сметки за струја, кога нема да можат да обезбедат ниту една, ниту пола потрошувачка, како што и сега не можат, треба да се сетат дека човекот што е сега премиер беше зафатен со тоа што беше на прослава 50 години на ЕПП“, потенцираше Филипче.

Текстот (Видео) Филипче: Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на цените е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top