(Видео) Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

(Видео) Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

пред 4 часа

Мерките на Мицкоски се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените, веќе започна, оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Кога ние предупредувавме, дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација. Кризата ќе станува се потешка, граѓаните се повеќе ќе ја чувствуваат на својот грбот. За жал, власта е тотално неодговорна и заинтересирана само за себе и своите бизниси“, вели Филипче.

СДСМ предложи:
– укинување на ДДВ за основни прехранбени производи,
– намалување на ДДВ за горива на 5%,
– намалување на акцизите за горива,
– намалување на цените на патарините.

Овие предлози преку пакет закони влегуваат во собраниска процедура во вторник.

Текстот (Видео) Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top