(Видео) Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

(Видео) Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

пред 4 часа

Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници.

„Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш. Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое работење секаде, дали на клиника во интерес на пациентите некорумпирано, така и во рамките на другите функции кои што сум ги имал, се во интерес на граѓаните без никаква штета по никого“, рече Филипче.



Меѓутоа, додаде тој, на Христијан Мицкоски и на неговата организирана криминална група, на главниот ПР советник Латас, им требаше убиец.

„Пет години зборат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со убиец, ме споредуваат со доктор Менгеле, замислете, јас што спасувам животи, за кој што здравјето на граѓаните ми е на прво место, не престанаа. Не престанаа ни вчера, после одлуката на обвинителството, излегоа некои млади членови на криминалната група, го продолжија тоа, денес премиерот исто така на прес-конференција. Јас после пожарот во Тетово поднесов оставка, како морален човечки чин. Денес гледаме како кога има толку заразени луѓе, кога тоа се случува со загадената вода во Гостивар, Христијан Мицкоски оди на екскурзија. Денес повторно си игра со чувствата на луѓето, повторува неколку пати на прес-конференција, живи и изгорени луѓе и така натаму, и јас сега тоа нема да го правам за споредба. Нема поради тоа што сум човек, имам емпатија и сочувствувам, а може да споредувам со други случаи, а тоа доволно говори само за тоа каков човек е Христијан без сочувство, без срам, без жал.“, рече Филипче.

Филипче побара ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се извинат на семејствата на загинатите затоа што, како што кажа, пет години си поигрувале со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал.

„Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал. Да се извини и на граѓаните, затоа што пет години шират лажни вести. Затоа што го загадуваат јавниот простор со несоодветен наратив. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа. И ќе завршам со следното, нешто што повеќе пати го кажувам, после следните избори доаѓа правдата во Македонија, и Христијан Мицкоски и криминалната група за сè што прават овие изминати две години ќе одговараат. Никола Груевски избега, Христијан нема да избега“, рече Филипче.

Текстот (Видео) Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top