(Видео) Шаќири и Петровска се скараа за малите хидроелектрани

пред 3 години

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска и Бени Шаќири вербално се судрија на дебата откако Шаќири извади документ и ја праша како една поборничка за здрава околина потпишала документ за изградба на 22 мали хидроелектрани.

Прашањето следеше откако Петровска изјави дека дебатираат еден музичар, еден лекар и еден архитект, на што Шаќири возврати дека Петровска нема да знае ништо ако почне да зборува за музички аранжмани.

„Ако сте стручно лице, мене ме интересира како вие, како еден од побрниците за чиста средина може да поптпишете решение за градење на 24 мали хидроелектрани“, запраша Шаќири.

„Ајде вртатете го документот зашто ова е основа за клевета, рече Петровска барајќи да го извади повторно документот на маса за да го види народот.

„Ве информирале и дезинформирале. Ова не е решение, прочитајте точно што пишува“, рече Петровска.

„Немој да се нервирате, ова ја преминува секоја граница“, возврати Шаќири.

Сите дозволи заради кои можат да се градат хидроелектрани се даваат на државниот инспекторат. Тоа е една таква намера, злоба. Навистина сум многу вознемирена рече Петровска.

„Државниот секретар има надлежност над постапкиѕте на се она надвор од Управата за животна средина. Ниту една дозвола државниот секретар нема потпишано за мали хидроелектрани. Тоа што вие го кажуавате е прпратно писмо“, нагласи таа.

Share
Scroll to Top